ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА
Посебните услови и погодности за вработување и работење на инвалидните лица се уредени со Законот за вработување на инвалидни лица и Правилникот за критериумите и начинот на доделување на средствата од Посебниот фонд за обезбедување на услови за вработување и работење на инвалидните лица.
Во рамките на расположивите финансиски средства, од Посебниот фонд се доделуваат неповратни средства за:
1. Вработување на инвалидно лице на неопределено време, за што се доделуваат 20 просечни плати за едно вработување или 40 просечни плати за лица кои се движат со инвалидска количка или потполно слепи лица;
2. Адаптација на работно место, за што се доделуваат неповратни средства до 100.000,00 денари;
3. Набавка на опрема, за што се доделуваат до 200 просечни плати, за што критериум се бројот на вработени инвалидни лица и искажаните капитал и резерви во бонитетот;
4. Работно оспособување на инвалидни лица заради вработување.