АВРСМ денес

Aгенција за вработување на Република Северна Македонија е јавна установа која врши стручни, организациски, административни и други работи што се однесуваат на вработувањето и осигурувањето во случај на невработеност и обезбедува поддршка, помош и услуги за учесниците на пазарот на трудот.
Седиштето на Агенцијата е во Скопје.

Мисија

Aгенција за вработување на Република Северна Македонија успешно да посредува на пазарот на трудот преку развој на висок квалитет според потребите на клиентите, со усовршување на знаењата, вештините и способностите на своите вработени и воспоставување партнерски односи со другите учесници на пазарот на трудот.

Визија

Aгенција за вработување на Република Северна Македонија да биде модерна институција која е препознатлива по својот професионален и одговорен однос во работењето, особено во поврзувањето на понудата и побарувачката на пазарот на трудот, негувајќи отворен однос и отчетност кон своите клиенти, како и кон домашните и меѓународните институции.


УПРАВУВАЊЕ

РАКОВОДЕЊЕ

ОРГАНОГРАМ

ПОЛИТИКА НА ИНТЕГРИТЕТ

ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ