ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС
Пријавувањето и одјавувањето од работен однос, односно од задолжително социјално осигурување е уредено со Законот за работните односи, Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и Законот за евиденциите во областа на трудот
ПРИЈАВУВАЊЕ ВО РАБОТЕН ОДНОС
Работодавачот е должен да го пријави секое засновање на работен однос и секој престанок на работен однос.
Пријавувањето на работен однос, работодавачот може да го изврши по електронски пат (само за приватен сектор) или непосредно на шалтерот во центарот за вработување.
Пријавување на работен однос работодавачот е должен да изврши најдоцна еден ден пред работникот да стапи на работа, со поднесување на потребната документација до центарот за вработување на чие подрачје се наоѓа седиштето на работодавачот, односно местото на работењето на работодавачот.
повеќе...ОДЈАВУВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС
Одјавувањето од работен однос го врши работодавачот со поднесување на потребната документација до центарот за вработување во местото каде е извршено пријавувањето на работниот однос.
Одјавувањето од работен однос во приватниот сектор може да се врши и по електронски пат, само доколку и пријавувањето е направено по електронски пат.
Одјавувањето од работен однос го врши работодавачот во рок од 8 дена од денот на престанокот на работниот однос.
повеќе...