Скопје, 26.10.2022

Денес директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, г. Беким Мурати, заедно со министерката за труд и социјална политика, г-а Јована Тренчевска и со заменичката постојана претставничка на УНДП, г-а Сања Бојаниќ, ја промовираа мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“.
Република Северна Македонија е една од државите потписнички на Декларацијата за зелена агенда за Западен Балкан, со која државите се обврзаа да спроведат исти мерки за борба против загадувањето и климатската криза како земјите членки на Европската унија.
Целта на мерката е да се придонесе кон поттикнување за создавање нови работни места во процесот на трансформација на приватниот сектор кон „зелена економија“.
Со мерката се предвидува финансиска поддршка во вид на грант за 100 нови вработувања и истата изнесува од 205.000 денари до 615.000 денари, зависно од бројот на одобрени вработувања кај работодавачи од приватниот сектор, кои се заинтересирани за отворање на нови работни места и зелени инвестиции, односно воведување на зелени производи, услуги, технологии или процеси.
Средствата се наменети за финансирање на нови деловни инвестиции насочени кон транзиција кон зелена економија, при што ќе бидат поддржани набавки на нови машини, алати, опрема за обновливи извори на енергија, специјализиран софтвер и слични основни средства, како и опрема и материјали за енергетска ефикасност.
Поддршката е за набавка исклучиво на нова опрема односно материјали, а работодавачите можат да додадат сопствени средства кон доделената финансиска поддршка за набавка, доколку вредноста на набавката го надминува предвидениот износ на грантот.
07.10.2022
Врачување на договори за учество во програмата Самовработување во Штип
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, г. Беким Мурати и Министерката за труд и социјална политика, г-а Јована Тренчевска, денес во Центарот за вработување Штип ги врачија договорите на одобрените апликанти од Штип за учество во програмата Самовработување.
Програмата за Самовработување се реализира континуирано од 2007 година и има за цел да се поттикне претприемништвото и да поддржи креирање на почетни бизниси, што ќе обезбедат одржливи вработувања, бидејќи поддршката на успешните претприемачи за создавање микро и мали претпријатија, претпоставува генерирање на нови вработувања.
Како дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година, оваа програма се одвива низ неколку фази и има за цел да поддржи најдобри идеи и бизнис планови кои водат кон одржливи резултати.
Директорот Мурати изрази задоволство од покажаниот интерес на голем број на учесници во оваа активна мерка за вработување и уверување дека Агенцијата за вработување и понатаму ќе спроведува активности, водејќи се првенствено од интересот и потребите на невработените лица и работодавачите
08.04.2022
Мурати по повод Светскиот ден на Ромите : Во Оперативниот план за прв пат оваа година се воведува квота за опфатеност на Роми

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Беким Мурати, заедно со претставници на Владата, Собранието и Ромски невладини организации денес учествуваше на тематска дискусија во Владата на РСМ организирана по повод Светскиот ден на Ромите.
Тој потенцираше дека со цел зголемување на можноста на Ромите за интеграција на пазарот на трудот во Оперативниот план за прв пат оваа година ќе се настојува да се постигне зголемување на опфатот на Роми во активните мерки за вработување и услуги со воведување на квота од 5% за опфатеност на Роми
повеќе...29.03.2022
Промовиран Оперативниот план за 2022 : Обезбедени 1,8 милјарди денари за поддршка за вклучување на пазарот на трудот за околу 15 000 невработени лица

Околу 15 000 невработени лица ќе добијат можност да се вклучат на пазарот на трудот преку активните програми и мерки за вработување предвидени со Оперативниот план за 2022 година кој денес беше промовиран од страна на директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, министерката за труд и социjaлна политика Јована Тренчевска и постојаниот преставник на УНДП во РСМ Аремен Григорјан.
Директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати потенцираше дека активните мерки и програми кои ќе се имплементираат во 2022 година се издржани и докажани активности за унапредување на состојбата на пазарот на трудот кои успешно се имлементираат во развиените земји во Европа.
повеќе...07.03.2022
Мурати : Учесниците во програмата Економија на грижа на долг рок ќе бидат од голема корист за заедница
Директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати денес учествуваше на конференцијата насловена како „Силни жени- Силни заедници“ посветена на програмата Економија на грижа која е дел од Оперативниот план за 2021 година. На настанот на кој присуствуваа министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, амбасадорката на Република Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Хулман и постојаниот претставник на УНДП во РСМ Армен Григорјан беше истакната важноста на улогата која жените ја имаат во заедницата и потребата од формално признание и награда на нивниот труд.
повеќе...03.03.2022
Отворена дисперзирана канцеларија на Центарот за вработување Скопје во општина Арачиново

Денес во општина Арачиново беше отворена дисперзирана канцеларија на Центарот за вработување Скопје, со цел доближување на услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување до невработените лица и нивна поголема информираност за активностите кои ги имплементира институцијата.
На свеченото отворање присуствуваa директорот на АВРСМ Беким Мурати и градоначалникот на општина Арачиново Ридван Ибраими.
повеќе...25.05.2022
Mурати : Инклузијата на лицата со попреченост на пазарот на трудот е клуч за подобрувањето на квалитетот на нивното живеење

Директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, денес учествуваше на тркалезната маса на тема "Премостување на јазот: Вработување на лицата со попреченост" организирана во рамки на Проектот за поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги, поддржан од Европската Унија.
Мурати во своето обраќање ја истакна посветената работа на Агенцијата за вработување во насока на унапредување на положбата на пазарот на трудот на ранливите категории на невработени лица, меѓу кои спаѓаат и лицата со попреченост.
повеќе...01.12.2021
Известување
Aгенцијата за вработување на Република Северна Македонија информира дека дел од услугите во надлежност на АВРСМ може да ги добиете по електронски пат на Националниот портал за Е- услуги www.uslugi.gov.mk.
Во прилог Ви доставуваме информација за услугата Пријава од потреба за работник (ППР) која е достапна за онлајн аплицирање.
Пријава за потреба од работник (ППР) е образец преку кој работодавачот ја изразува својата потреба од работник и преходи на пријавата на работниот однос - Пријава во задолжително социјално осигурување (М1) .
Услугата е достапна на следниот линк :
https://uslugi.gov.mk/service/pri%d1%98ava-za-potreba-od-rabotnik-ppr-do-agenci%d1%98a-za-vrabotuvanje-na-rsm-1744