Согласно член 2 став 2 од Законот за евиденциите од областа на трудот, Агенцијатa за вработување на Република Северна Македонија ги води следните евиденции:
- евиденцијата на работодавачите, 
- евиденција на корисници на јавни средства од Агенцијата за вработување, 
- евиденцијата за невработените лица и други лица кои бараат работа, 
- евиденцијата за потребите од работници,
- евиденција за странски државјани и лица без државјанство вработени во Република Северна Македонија. 

Воедно, согласно член 13 став 4 од Законот за работните односи, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија се должни да водат и трајно да ја чуваат евиденцијата на пријавите и одјавите во социјално осигурување