Воведување во евиденција
Заради добивање на услугите за невработени лица кои ги нуди Агенцијата за вработување, потребно е лицето да се воведе во соодветниот регистар во центарот за вработување.
Невработеното лице се воведува во евиденцијата на невработените лица во центарот за вработување на чие подрачје има постојано место на живеење.
Воведувањето во евиденција и редовното јавување на невработеното лице е лично. Потребни документи за воведување во евиденција:
- Лична карта; и
- Диплома односно свидетелство за завршено образование со поднесување на оригиналот на увид.
Редовно јавување на невработените лица се врши:
На секои 30 дена за:
- невработените лица кои активно бараат работа, при што е потребно да достават доказ дека активно барале работа во последниот месец и
- невработените лица кои остваруваат право на паричен надоместок;
На секои 6 месеци за другите лица кои бараат работа.
Невработеното лице при личното јавување во центарот за вработување поднесува на увид лична карта и контролен картон за јавување.
Воведување во евиденцијата на невработени лица не е услов за остварување право на здравствено осигурување, освен за корисниците на паричен надоместок, додека го користат тоа право. Правото на здравствено осигурување, невработеното лице го остварува преку Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија.