Агенција за вработување на РСМ беше вклучена во спроведување на Повеќегодишната оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007 – 2013 (Инструмент за претпристапна помош – ИПА, компонента 4). Целта на компонентата за развој на човечки ресурси е да и помогне на земјата во развојот и јакнењето на административните капацитети за управување, имплементација следење и контрола на средствата од Европскиот социјален фонд (ЕСФ).
Дел од Проектите кои Агенцијата за вработување ги имплементираше во изминатите години се следните:
- Понатамошна модернизација на Агенцијата за вработување - Service Contract
- Зајакнување на капацитетите за целите на ефективно спроведување на правна регулатива на ЕУ во областа на слободното движење на работниците- Twinning project
- Поддршка на Агенцијата за вработување за имплементација на активни мерки и услуги на пазарот на трудот - Twinning project
- Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени - Direct Grant Contract
- Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени II
- Direct Grant Contract - Поддшка за вработување на млади лица - Direct Grant Contract
- Договор за зајакнување на капацитетите на АВРСМ - Supply Contract
- Зајакнување на финансискиот менаџмент и системот за внатрешна контрола на Агенцијата за вработување - Framework Contract
- Договор за изведбени работи како поддршка на процесот за подобрување на работата и услугите на Агенцијата за вработување - Works Contract