06.03.2023
Соопштение за исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, ги известува граѓаните дека паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.03.2023 година.
Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе се објави на 6-ти март 2023 година на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок).
Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.
Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта mtsp@mtsp.gov.mk
Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија по истекот на три дена од денот на објавувањето.
повеќе...14.12.2022
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објавува Јавен повик за прибирање на понуди за закуп на деловни простории за своите подрачни единици – дисперзирани канцеларии во општините: Ѓорче Петров, Аеродром, Чаир, Кисела Вода (во населба Драчево), и Пласница.
повеќе...26.08.2022 година
Јавен повик бр. 2 за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад
Инструкции по Јавниот повик
Прилог 1
Прилог 2
14.06.2022 година
Јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад
Инструкции по Јавниот повик
Прилог 1
Прилог 2
31.01.2022
ИЗВЕСТУВАЊЕ
за промена на начинот на пристап до системот е-Работа
Почитувани корисници на е-Работа,
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија подготвува промена на начинот на пристап до системот е-Работа преку интегрaција со системот за единствена најава eID на Министерството за информатичко општество и администрација.
Еден корисник на е-Работа секогаш ќе се најавува со свое лично корисничко име, без разлика дали користи услуги за физичко или правно лице. Предуслови кои треба да бидат исполнети се:
повеќе...СООПШТЕНИЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ОД 06.08.2021 објавено на 18.11.2021 година
Поради распишување на Изборите за членови на советите на општините и Советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје во 2021 година, беше донесена Одлука бр.03-2075/3 од 09.08.2021 година со која се ставаат во мирување активностите и се запираат сите рокови поврзани со Јавниот повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад од 06.08.2021 година.
Со оглед да Изборите за членови на советите на општините и Советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје во 2021 година се завршени, продолжуваат активностите по Јавниот повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад од 06.08.2021 година и продолжуваат да течат роковите поврзани со истиот (за онолку денови за колку истите мирувале, односно биле запрени).
Согласно горенаведеното, рокот за доставување Пријава по Јавниот повик е заклучно со 30.11.2021 година.
СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ЈАВНИОТ ПОВИК ОД 06.08.2021
Поради распишување на Изборите за членови на советите на општините и Советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје во 2021 година, започнатата постапка по Јавниот повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад од 06.08.2021 година се става во мирување.
JАВЕН ПОВИК ОД 06.08.2021
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ПРАВНО ЛИЦЕ КОЕ ВРШИ ДЕЈНОСТ ИЛИ ПОСЕДУВА ДОЗВОЛА ЗА СОБИРАЊЕ И/ИЛИ ТРАНСПОРТИРАЊЕ ПРЕРАБОТКА, РЕЦИКЛИРАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ НА ОТПАД од 06.08.2021
- ИНСТРУКЦИИ ПО ЈАВЕН ПОВИК за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад
-Прилог 1 - Табела со движни ствари
-Прилог 2- Пријава за учество
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги известува сите невработени лица дека од 15 септември 2020 година продолжува со редовното пријавување на секои 30 дена (за активните баратели на работа) односно на секои 6 месеци (за другите лица кои бараат работа).
Секое невработено лице кое има оставено контакт телефонски број веќе е известено по смс порака за точниот датум кога треба да се пријави во надлежниот центар за вработување или дисперзирана канцеларија, од причина што од 15.09.2020 година повторно е ставен во функција системот за распределување на термини за редовно пријавување, согласно законските рокови за пријавување на 30 дена односно 6 месеци. Сите невработени лица кои се пријавуваа во периодот кога беше запрено редовното приојавување, ги замолуваме да го почитуваат терминот наведен во смс пораката, кој што е системски изгенериран.
Невработените лица кои немаат оставено точен контакт телефонски број и кои немаат добиено смс порака, потребно е да се пријават во наредните 30 дена.
Воедно напоменуваме дека при пријавувањето задолжително треба да се почитуваат препораките на Министерството за здравство за спречување на ширење на вирусот КОВИД 19, односно задолжително носење заштитни маски и одржување соодветна дистанца од другите лица.
Локациите за дисперзираните канцеларии на Центарот за вработување на град Скопје можете да ги превземете тука
ОПЕРАТИВЕН ПЛАН
за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година
#ШансаЗаСите
БРОШУРА МКД
PLANI OPERATIV
për programe dhe masa aktive për punësimedhe shërbime në tregun e punës për vitin 2019
#ShansPërTëGjithë
BROSHURA SHQIP
________________________________________________________________________________________________