Агенцијата дава совети за:
• содржината на законите и други прописи и нивни измени и дополнувања;
• правата, обврските и одговорностите на работодавачите и работниците, заради
• правилна примена на прописите и заштита на правата на работодавачите и работниците;
• обука на работодавачите за начинот на пополнување и доставување на обрасците и документите што треба да ги достават до Агенцијата и начинот на објавување на слободните работни места и
• начинот за пријавување и одјавување на работниците во Агенцијата.
Советувањето на работодавачите за вработување на невработени лица со поволни услови опфаќа:
• услуги на работодавачот за можностите, условите и начинот на обезбедување на поволности за вработување на
- инвалидни лица,
- лица на кои работниот однос им престанал поради стечај или поради економски, технолошки, структурални или слични промени кај работодавачот,
- невработени лица кои подолго чекаат за вработување односно лица кои биле невработени 12 месеци од претходните 16 месеци или шест од претходните осум месеци за лицата помлади од 25 години и лица од дефицитарни занимања,
со упатување од страна на Агенцијата во договор со работодавачот;
• услуги на работодавачот во обезбедување на потребите од вработување со пребарување во евиденцијата на
- невработените инвалидни лица,
- на лица кои останале без работа поради стечај или економски, технолошки, структурални и слични промени кај работодавачот и
- невработени лица кои подолго време чекаат вработување
со обука, преквалификација или доквалификација за вработување;
• услуги на работодавачот за условите и начинот на обезбедување на поволностите при вработувањето на невработените лица;
• организирање на средби и разговори од страна на Агенцијата со работодавачите и невработени лица (саеми на работна сила), за условите и
• информирање на работодавачите и обезбедување услуги за вработување на работници со дефицитарни занимања, со упатување на невработено лице од една во друга подрачна единица на Агенцијата, со организирање на обука на дополнителни или посебни знаења на одделни невработени лица или со обука, преквалификација или доквалификација на невработени лица.