ПРОГЛАСУВАЊЕ РАБОТНИЦИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК
При одјавување од работен однос од деловни причини работодавачот задолжително доставува
- Одлука за бројот, односно процентот (%) на работници на кои ќе им престане работниот однос од деловни причини и
- Известување за занимањето на лицата на кои ќе им престане работниот однос од деловни причини.
Документите се доставуваат преку архивата на соодветниот центар за вработување, најмалку 30 дена, односно 60 дена пред да им престане работниот однос.
По истекот на законскиот рок, се врши одјавување со приложување на:
- Известувањето и Одлуката (архивски заверени);
- решение/одлука за престанок на работен однос (со потпис за прием од работникот на кој се однесува);
- Овластување на овластено лице со список на лица кои ги одјавува;
- електронскиот образец М1/М2 испечатен од системот
ОДЈАВУВАЊЕ ОД РАБОТЕН ОДНОС ОД ДЕЛОВНИ ПРИЧИНИ И ПРЕЗЕМАЊЕ ОД ДРУГ РАБОТОДАВАЧ
При одјавувањето на работниот однос од деловни причини и преземање од друг работодавач, потребни се следните документи:
- Обрасци за отказ од деловни причини и тоа:
-известување од претходниот работодавач,
-одлука за престанок на работниот однос од претходниот работодавач и
-спогодба за превземање, потпишана и заверена од двајцата работодавачи,
- ППР образец (од новиот работодавач);
- овластување на овластено лице со список на лица кои ги одјавува и
- електронскиот образец М1/М2 испечатен од системот.
Сите потребни документи се заверуваат во архивата на центарот за вработување, по што во истиот ден се врши одјавување од работниот однос кај претходниот работодавач, односно пријавување на работниот однос кај новиот работодавач.