БРИШЕЊЕ ОД ЕВИДЕНЦИЈА
Бришење од евиденцијата на невработени лица се спроведува доколку лицето:
• веќе не е невработено,
• само се одјави од регистарот,
• не се пријави во утврден рок или не се јави на покана од Агенцијата од неоправдани причини,
• не ја извести Агенцијата за стекнувањето и губењето на правата,
• одбие да се вклучи во активна политика за вработување или не ги исполни обврските од договорот за учество во активна политика за вработување,
• одбие соодветно или погодно вработување или одбие да присуствува на интервју за работа или не покаже интерес за присуство на интервју за работа,
• не обезбеди точни податоци за стекнување статус на невработено лице или статус на учесник во програма за активна политика за вработување,
• кај лицето се утврди постоење на причина поради која лицето привремено не може да се вработи,
• е во притвор во времетраење од повеќе од шест месеци или доколку лицето започне да издржува казна затвор од шест месеци и повеќе,
• од страна на инспекциски орган лицето се затекне да работи спротивно на закон,
• не бара активно работа,
• одбие да потпише Индивидуален план за вработување,
• исполни услови за пензија,
• на странец му истече важноста на личната работна дозвола,
• започне да врши занаетчиска, земјоделска, сточарска или друга дејност,
• одбие работно ангажирање за вршење на јавни работи и
• замине на отслужување на доброволен воен рок.