Договорен Орган
|
Сектор за централно финансирање и склучување договори ЦФЦД во рамките на Министерство за финансии
|
Главен корисник
|
Агенција за вработување – Централна служба и локални центри за вработување
|
Финансирање
|
Европска Комисија ЕК ИПА Програма
|
Времетраење
|
18 месеци
|
Општа Цел
|
Општата цел на овој проект финансиран со средства од ИПА е понатамошна модернизација и подготовка на Агенцијата за вработување за да одговори на барањата поврзани со пристапувањето кон ЕУ во областа на европската политика за вработување.
|
Цел на Проектот
|
Подобрување на квалитетот, ефикасноста и ефективноста на услугите што Агенцијата за вработување ги дава на лицата кои бараат работа и на работодавачите, со цел да се намали невработеноста и да се спречи луѓето кои се во работен однос да станат невработени.
|
Пристап
|
Овој проект за техничка помош е проект за управување со организациски промени, при што се применува методологија која е базирана на партиципативен пристап, што гарантира учество на сите релевантни учесници, менаџментот и вработените од Агенцијата за вработување.
|
Очекувани резултати
|
Агенцијата за вработување го зајакна квалитетот на услугите што ги нуди на лицата кои бараат работа и на работодавачите, преку имплементирање на процесот на управување со организациски промени на сите нивоа во целата државата Менаџментот и вработените на Агенцијата за вработување функционираат подобро во рамките на новата организација на работата и новите задачи кои произлегуваат од нивната секојдневна работа со лицата кои бараат работа, работодавачите и другите учесници.
|
Главни проектни активности
|
I - Развој на процесот на организациски менаџмент Спроведување сеопфатна анализа на постоечката организација на работата, тековната дејност, капацитетот и начин на изведба на работите Организирање студиска посета во земји членки на ЕУ Проценка на „перцепцијата за Агенцијата за вработување во јавноста и перцепцијата на вработените во Агенцијата за вработување за сопствената улога, работа и задачи Изготвување на проект за управување со организациски промени по пат на стратегиски прстап, со јасна и заедничка визија Споделување на проектот за управување со организациски промени со сите вработени, менаџментот и учесниците, со цел да се појаснат придобивките од промената и да бидат посветени на истата Изработка на План за имплементација на промените (ПИП) за подобрување на работата на институцијата Креирање на програма за обука на вработените во Агенцијата за вработување во врска со нивните технички и индивидуални работни потреби. II - Имплементирање на организациските промени со цел поддршка на Агенцијата за вработување во врска со имплементацијата на активните мерки на пазарот на трудот Воведување на организациските промени и обврзување на луѓето за нејзино имплементирање Подобрување на меѓусебните комуникации/односи во Усогласување на процедурите и на работните процеси со цел поврзување на секојдневните активности со проектот за управување со организациски промени Обуки/едукација за нови вештини и однесување за мотивирање на вработените и менаџментот Редовна проценка на влијанието на промената врз вработените во Агенцијата за вработување и соодветно ажурирање на Планот за имплементација на промената.
|