ПРОГРАМИ ЗА ПОДГОТОВКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА 2009 ГОДИНА

Вкупниот број на невработени лица кои биле на подготовка за вработување со обука, преквалификација или доквалификација во 2009 година, вбројувајќи ги: лицата кои биле вклучени во реализацијата на програмите што започнале во 2008 а завршиле во 2009 година, лицата чија подготовка за вработување започнала и завршила во 2009 година и оние чија подготовка започнала во 2009 година а ќе заврши во 2010 година, изнесува 383 невработени лица од кои 302 (79%) се жени.

Бројот на лица кои се вработиле на неопределено време со подготовка за вработување во 2009 година е 245 лица од кои 207(84,5%) се жени.

Анализа на податоците за реализираните програми за подготовка за вработување може да се изврши според неколку критериуми, како што се дејноста на работодавачот и број на лица кои биле на подготовка за вработување по центри за вработување.

Според дејноста на работодавачот, најголем број невработени лица биле вклучени на подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација) во текстилната индустрија, по што следат:

266 - производство на текстил и текстилни производи (69,45%)
27 - производство на обувки ( 7,05%)
26 - производство на прехрамбени производи (6,79%)
24 - производство на производи од пластични маси (6,27%)
40 - останати дејности (10,44%)

Во 2009 година течеше рализацијата на 33 програми за подготовка за вработување во 11 центри за вработување, а тоа се следни:

Велес 131 (34,20%)
Прилеп 50 (13,05%)
Битола 49 (12,79%)
Штип 45 ( 11,75%)
Пробиштип 30 ( 7,83%)
Скопје 25 ( 6,53%)
Свети Николе 20 ( 5,22%)
Крива Паланка 15 ( 3,92%)
Делчево 8 ( 2,09%)
Гостивар 5 ( 1,31%)
Куманово 5 ( 1,31%)

Во споредба со 2008 година кога бројот на лицата кои биле на подготовка за вработување изнесува 2543, во 2009 година бројот на овие лица е намален на 383. Бројот на лицата кои засновале работен однос по завршување на подготовка за вработување во 2009 година е 245 и е намален во однос на 2008 година кога овој број изнесувал 1829.