ПРОГРАМИ ЗА ПОДГОТОВКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО 2008 ГОДИНА
Во периодот од 01.01. - 31.12.2008 година, вкупниот број на невработени лица кои биле вклучени во подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација) вбројувајќи ги и лицата кои биле вклучени во реализацијата на програмите што започнале во 2007 година, а завршиле во 2008 година и оние чија подготовка е во тек изнесува 2543, а од нив 1829 невработени лица засновале работен однос на неопределено време.
Овие 2543 невработени лица беа вклучени во спроведувањето на вкупно 137 програми за подготовка за вработување во 25 центри за вработување.
Анализата на податоците покажува дека во периодот од 01.01-31.12.2008 година, најголем број невработени лица биле вклучени на подготовка за вработување во текстилната индустрија, по што следат:
1756 - производство на текстил и текстилни производи (69,05%)
330 - производство на производи од пластични маси (12,98%)
142 - преработка на дрво и производи од дрво (5,58%)
132 - производство на обувки (5,19%)
40 - производство на прехрамбени производи (1,57%)
143 - останати дејности (5,62%)
Најголем број невработени лица, вклучени на подготовка за вработување се во следните општини т.е. центри за вработување:
Велес 444 (17,46%)
Крива Паланка 441 (17,34%)
Штип 314 (12,35%)
Свети Николе 153 ( 6,02%)
Делчево 119 ( 4,68%)
Скопје 116 ( 4,56%)
Пробиштип 97 ( 3,81%)
Прилеп 82 ( 3,22%)
Струмица 81 ( 3,19%)
Крушево 79 ( 3,11%)
Куманово 75 ( 2,95%)
Тетово 71 ( 2,79%)
Гостивар 62 ( 2,44%)
Кочани 61 ( 2,40%)
Битола 60 ( 2,36%)
Македонски Брод 47 ( 1,85%)
Струга 44 ( 1,73%)
Валандово 38 ( 1,49%)
Останати 159 ( 6,25%)