ПРОГРАМИ ЗА ПОДГОТОВКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО 2006 ГОДИНА

Во периодот од 01.01. - 31.12.2006 година реализирани се 102 програми за подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација), во кои беа вклучени вкупно 2118 невработени лица. Од нив 1628 лица засновале работен однос на неопределено време.
Во последните месеци од 2005 година отпочната е реализацијата на 32 програми за подготовка за вработување. Во овие програми беа вклучени 641 невработено лице а засновале работен однос на неопределено време 547 лица.

На крајот на 2006 година се отпочна со спроведување на 17 програми за подготовка за вработување во кои се вклучени 457 лица и реализацијата на овие програми е во тек.

Вкупниот број на невработени лица кои биле вклучени на подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација) во 2006 година, вбројувајќи ги и лицата кои биле вклучени во реализацијата на програмите што започнале во 2005 година а завршиле во 2006 година и оние чија подготовка е во тек изнесува 3216, а од нив 2175 невработени лица засновале работен однос на неопределено време.

Анализата на податоците покажува дека во периодот од 01.01-31.12.2006 година, најголем број невработени лица биле вклучени на подготовка за вработување во текстилната индустрија, по што следат:

2053 - текстилна индустрија (63,84%)
825 - чевларска индустрија (25,65%)
192 - прехрамбена индустрија ( 5,97%)
56 - дрвна индустрија ( 1,74%)
40 - металци ( 1,24%)
50 - останати дејности ( 1,55%)

Во периодот од 01.01 - 31.12.2006 година беше дадена согласност за реализација и спроведување на програми за подготовка за вработување во 26 центри за вработување. Најголем број невработени лица, вклучени на подготовка за вработување се во следните општини т.е. центри за вработување:

Куманово 344 (10,70%)
Штип 311 ( 9,67%)
Свети Николе 303 ( 9,42%)
Скопје 301 ( 9,36%)
Крива Паланка 272 ( 8,46%)
Прилеп 238 ( 7,40%)
Струмица 229 ( 7,12%)
Делчево 211 ( 6,56%)
Струга 151 ( 4,70%)
Велес 140 ( 4,35%)
Радовиш 99 ( 3,08%)
Гостивар 92 ( 2,86%)
Битола 87 ( 2,71%)
Берово 78 ( 2,43%)
Кавадарци 65 ( 2,02%)
Охрид 42 ( 1,31%)
Кочани 41 ( 1,27%)
Кратово 41 ( 1,27%)
останати 171 ( 5,32%)

Во споредба со 2005 година кога бројот на лицата вклучени во подготовка за вработување изнесува 2050, во изминатата 2006 година бројот на овие лица значително се зголемил 3216 или изразено во проценти (56.88%). Додека бројот на лицата кои засновале работен однос по завршување на подготовка за вработување во 2006 година е 2175 и е зголемен за (80.25%) во однос на 2005 година, кога овој број изнесувал 1205.