ПРОГРАМИ ЗА ПОДГОТОВКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО 2005 ГОДИНА
Во периодот од 01.01. - 31.12.2005 година реализирани се 69 програми за подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација), во кои беа вклучени вкупно 1232 невработени лица.
Вкупниот број на невработени лица кои биле на подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација), вбројувајќи ги и лицата кои биле вклучени во реализацијата на програмите што започнале во 2004 година, а завршиле во 2005 година изнесува 2050 лица, а од нив 1205 лица засновале работен однос на неопределено време.
Анализата на податоците покажува дека во периодот од 01.01-31.12.2005 година, најголем број невработени лица биле вклучени на подготовка за вработување во текстилната индустрија, по што следат:
1433 - текстилна индустрија (69,90%)
228 - чевларска индустрија (11,12%)
137 - електро-машинство (6,68%)
104 - прехрамбена индустрија (5,07%)
86 - дрвна индустрија (4,19%)
62 - останати дејности (3,02%)
Во периодот од 01.01 - 31.12.2005 година беше дадена согласност за реализација и спроведување на програми за подготовка за вработување во 20 центри за вработување. Најголем број невработени лица, вклучени на подготовка за вработување се во следните општини т.е. центри за вработување:
Штип - 253 (12,34%)
Св.Николе - 230 (11,21%)
Куманово - 192 (9,36%)
Велес - 174 (8,48%)
Прилеп - 174 (8,48%)
Струмица - 159 (7,75%)
Битола - 143 (6,97%)
Делчево - 135 (6,58%)
Неготино - 131 (6,39%)
Радовиш - 123 (6,00%)
Крушево - 82 (4,00%)
Кратово - 68 (3,31%)
Скопје - 61 (2,97%)
останати - 125 (6,09%)
Во споредба со 2004 година кога бројот на лицата вклучени во подготовка за вработување изнесува 2032 во изминатата 2005 година бројот на овие лица незначително се зголемил 2050 или изразено во проценти за 0,9%. Додека, бројот на лицата кои засновале работен однос по завршување на подготовка за вработување во 2005 година е 1205 и е зголемен за 6,9% во однос на 2004 година кога овој број изнесувал 1122.