ПРОГРАМИ ЗА ПОДГОТОВКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО 2004 ГОДИНА
Во периодот од 01.01- 31.12.2004 година реализирани се 60 програми за подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација), во кои беа вклучени вкупно 1759 невработени лица.
Вкупниот број на невработени лица кои биле на подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација), вбројувајќи ги и лицата кои биле вклучени во реализацијата на програмите што започнале во 2003 година, а завршиле во 2004 година изнесува 2032 лица, а од нив 1122 невработени лица засновале работен однос на неопределено време.
Анализата на податоците покажува дека во периодот од 01.01-31.12.2004 година, најголем број невработени лица биле вклучени на подготовка за вработување во текстилната индустрија, по што следат:
1536 - текстилна индустрија (75,60%)
293 - чевларска индустрија (14,42%)
49 - банкарство (2,41%)
48 - прехрамбена индустрија (2,36%)
25 - дрвна индустрија (1,23%)
21 - крзнарство (1,03%)
20 - градежништво (0,98%)
40 - останати дејности (1,97%)
Во периодот од 01.01 - 31.12.2004 година беше дадена согласност за реализација и спроведување на програми за подготовка за вработување во 18 центри за вработување. Најголем број невработени лица, вклучени на подготовка за вработување се во следните општини т.е. центри за вработување:
Штип 432 (21,26%)
Кочани 267 (13,14%)
Битола 244 (12%)
Прилеп 232 (11,42%)
Струмица 210 (10,33%)
Велес 160 (7,87%)
Гостивар 86 (4,23%)
Куманово 75 (3,69%)
Скопје 56 (2,76%)
Делчево 52 (2,56%)
Гевгелија 45 (2,21%)
останати 173 (8,48%)
Во споредба со 2003 година (2770 вклучени лица во подготовка и 2092 вработени лица) може да се констатира дека бројот на вклучени лица 2032 како и бројот на вработени лица со подготовка 1122, во 2004 година значително се намалил. Во проценти бројот на лицата вклучени во подготовка за вработување се намалил за 26,64%, додека бројот на лица што се вработиле со подготовка за вработување се намалил за 46.37% во однос на 2003 година.