ПРОГРАМИ ЗА ПОДГОТОВКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО 2003 ГОДИНА
Во периодот од 01.01 - 31.12.2003 годинa реaлизирaни се 88 прогрaми зa подготовka зa врaботувaње (обуka, преkвaлифиkaциja или доkвaлифиkaциja), во што беa вkлучени вkупно 2448 неврaботени лицa.
Вкупниот број на невработени лица кои биле на подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација), вбројувајќи ги и лицата кои биле вклучени во реализацијата на програмите што започнале во 2002 година, а завршиле во 2003 година изнесува 2770 лица, а од нив 2092 невработени лица засновале работен однос на неопределено време.
Анализата на податоците покажува дека во периодот од 01.01- 31.12.2003 година, најголем број невработени лица се вклучени на подготовка за вработување во текстилната индустрија по што следат:
2505 - текстилна индустрија (90,4%)
121 - чевларска индустрија (4,4%)
49 - прехрамбена индустрија (1,8%)
34 - дрвна индустрија (1,2%)
17 - градежништво (0,6%)
44 - останати дејности (1,6%)
Во периодот од 01.01 - 31.12.2003 година година беше дадена согласност за реализација и спроведување на програми за подготовка за вработување во 23 бироа за вработување. Најголем број невработени лица, вклучени на подготовка за вработување се од следните бироа за вработување:
Штип 430 (15,5%)
Велес 320 (11,5%)
Битола 281 (10,1%)
Куманово 193 (7%)
Прилеп 193 (7%)
Кичево 166 (6%)
Делчево 155 (5,6%)
Охрид 147 (5,3%)
Кочани 132 (4,8%)
Радовиш 130 (4,7 %)
Кавадарци 125 (4,5%)
останати 498 (18%)
Во споредба со 2002 година (91 програма, 2460 вклучени лица и 2095 вработени лица) може да се констатира дека бројот на програмите за подготовка за вработување, бројот на лицата вклучени и бројот на невработените лица кои се вработиле со подготовка во 2003 година (88 програми, 2770 вклучени лица и 2092 вработени лица) евидентно не се променил.