Скопје,15.05.2020 година


#ШансаЗаСите 

    Aктивните мерки за вработување отвораат работни места и во услови на здравствено-економска криза   предизвикана од КОВИД-19. Со   финансиска помош за вработување на невработени лица во висина од над   236 милиони денари подржани се 1.223 нови вработувања.   Оперативниот план за вработување и во овие   исклучително тешки услови се покажува како функционална рамка за отворање нови работни     места  која   успешно го ублажува ударот на кризата и го олеснува опоравувањето на економијата.

   Денес се врши првата исплата во износ од 28,5   милиони денари за веќе склучените договори за мерката   „Вработување и раст на правни субјекти“. Досега, за оваа мерка, се потпишани   договори  со 186 фирми, кои  вработиле 268 лица, а грантот го добиваат за набавка на нова опрема или репроматеријали. Меѓу нововработените   128 се жени, а структурата на работните места покажува дека 147 лица имаат до 29 години и за нив компаниите добиваат неповратни 153.750   денари по лице. Една компанија може да аплицира за поддршка до 5 вработувања. Обврска на компанијата е младите лица да ги задржи на   работа  најмалку една година. И за втората активна мерка за вработување „Субвенционирање на плати“, компаниите покажаа исклучителен интерес. Агенцијата за вработување   го распиша јавниот оглас за мерката на почетокот на март и досега се потпишани договори со 722 компании за вработување на вкупно 955 лица.   Меѓу нив има 461 лице до 29 годишна возраст и 491 жена. За новоотворените работни места исплатени се средства во износ од 207,7 милиони     денари кон 702 правни субјекти, за вработување на 926 лица. За неколку дена ќе бидат исплатени дополнителни 6,6 милиони денари кон уште 20   правни субјекти за вработување на 29 лица.

    Кај субвенционирањето на плати поддршката може да биде 3, 6 или 12-месечна. Се субвенционира бруто плата од 19.000 денари по лице. Со   најголемата поддршка, фирмата добива неповратни 228.000 денари за вработување на едно лице, кое работодавачот има обврска да го задржи на   работа вкупно 30 месеци.Компаниите пројавија голем интерес за објавување на втор оглас и за двете мерки.

   За мерката практиканство, потпишани се договори со 476 правни субјекти, за ангажирање на вкупно 544 невработени лица. Од нив, 476 се до 29-годишна возраст а 325 се жени. Практикантството трае 3 месеци, а исплатата се врши на крајот на секој месец, на сметка на практикантите, по претходен извештај од фирмата за редовност, во износ од 9.000,00 денари по лице за еден месец. Интересот на компаниите покажува дека ја препознаа можноста да обучат кадар согласно своите потреби, а младите луѓе го прифаќаат практикантството затоа што им обезбедува добро работно искуство и им ги подобрува шансите за квалитетна работа.

Секое работно место е важно. Големиот интерес за мерките од Оперативниот план за вработување покажува дека имаме добро дизајнирана поддршка и за невработените и за компаниите.

Продолжуваме #СеГрижимеЗаСите