Скопје, 04.02.2021

Известување                                                                                                                                               

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги информира сите невработени лица дека согласно законските прописи имаат обврска да ги  запазуваат роковите за редовно пријавување - на секои 30 дена за невработените лица (активни баратели на работа) , односно на секои 6 месеци за другите лица кои бараат работа (пасивни баратели на работа).

Напоменуваме,невработените лица кои нема да ја исполнат оваа законска обврска во рок од 30 дена по истекот на рокот на јавување, се бришат од евиденцијата на невработени лица и можат повторно да се пријават по истекот на една година, а корисниците на права по основ на невработеност го губат и правото.

При пријавувањето задолжително треба да се почитуваат препораките на Министерството за здравство за спречување на ширење на вирусот  на Ковид -19, односно задолжително носење заштитни маски  и одржување на соодветна дистанца од другите лица.