Програмата Самовработување е една од најуспешните активни програми за вработување
Програмата Самовработување е една од најуспешните активни програми за вработување, и за која постои најголем интерес за учество кај невработените лица.
Успешноста на оваа програма е резултат на мошне значајната соработка помеѓу повеќе институции - АВРСМ со МТСП, УНДП, АППРМ и ФИТР.

Оваа година, преку програмата за Самовработување беа поддржани 1484 лица кои основаа сопствени бизниси, од кои вкупно 557 лица, односно 38% беа млади лица на возраст до 29 години.
Во рамките на оваа програма, беше издвоена посебна група на апликанти, т.н. ИН група, кај кои се препозна потенцијал за основање иновативни, односно брзорастечки бизниси.
ФИТР обезбеди ментори/советници кои им помогнаа на овие апликанти да изработат бизнис планови, кои понатаму беа избрани за корисници на програмата.
Беа основани 22 нови бизниси, при што истите имаат можност да добијат поддршка и преку јавните повици на ФИТР.
Како што енергијата е основа на самиот живот, идеите се извор на иновација, така иновацијата е витален извор на сите човечки промени, подобрувања и прогрес.
Овие 22 нови иновативни бизниси се можеби мал, но сепак значаен исчекор за промените во нашата држава и поттик на сите што имаат некаква бизнис идеја, да се охрабрат за истата да ја реализираат.