Презентација на Оперативниот план 2019 пред работодавачи во Општина Аеродром


Денеска во Општина Аеродром се одржа промоција на новиот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот 2019. Пред присутните работодавачи од општината се обратија директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин.
Јовановска пред работодавачите потенцираше дека Агенцијата за вработување активно работи да излезе во пресрет на сите потреби и барања на работодавачите, а новиот Оперативен план 2019 овозможува шанса за сите.

Стручните служби на Агенцијата за вработување оддржаа детална презентација пред заинтересираните работодавачи за можностите кои ги нуди новиот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Работодавачите пак имаа можност преку интерактивна дискусија да ги дознаат сите информации поврзани со Оперативниот план 2019 кои се од нивен интерес.