30.07.2021

Потпишан меморандум за соработка за поддршка на претприемачи Роми

Со цел промовирање на развојот на претприемништвото и зголемување на пристапот до финансирање на претприемачи Роми во Република Северна Македонија, денес во Владата на РСМ во присуство на Претседателот на Владата Зоран Заев и Заменик-претседателот на фондациите отворено општество Алекс Сорос,  директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири потпиша Меморандум за соработка со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и Петрика Дулгеру-Иницијатава за економски развој на Ромите РЕДИ.

Со овој Меморандум за соработка јасно се идентификуваат улогите и одговорностите на секоја страна во насока на имплементација на Проектот за финансиска поддршка за развој на претприемништвото кај припадници на ромската заедница со мечинг фонд.

Преку мерката Финансиска поддршка со креирање мечинг фонд за претприемачи Роми ќе се овозможи поддршка за самовработување, формализација, поддршка на бизнис идеи и отворање на нови работни места, за регистрирани невработени лица Роми. За реализација на проектот се предвидени 153, 5  милиони денари.