04.08.2021

Обезбедена дополнителна поддршка за вработување преку субвенционирање на плати

Дополнителни 438 невработени лица ќе се вклучат на пазарот на трудот преку меркaтa за субвенционирање на плати која е дел од Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година.

На предлог на Агенцијата за вработување доставен до Министерството за труд и социјална политика, Владата на Република Северна Македонија, на последната седница, преку пренамена на средства во Оперативниот план во износ од 100.000.000 денари обезбеди поголем опфат на невработени лица за учество во мерката субвенционирање на плати.

Со тоа бројот на невработени лица, што ќе бидат опфатени со мерката субвенционирање на плати, од 866 ќе се зголеми на 1.304.

Мерката субвенционирање на плати претставува финансиска поддршка за вработување на невработени лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот.