Доделување сертификати на 20 лица кои успешно ја завршија обуката за угостителски вештини

Проектот Образование за вработување во Република Северна Македонија (Е4Е@mk) е поддржан од Швајцарија. Истиот започна со договор помеѓу Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија Сибил Сутер, заедно со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и Министерот за образование и наука на Република Северна Македонија Арбер Адеми.

Проектот кој има за цел да стимулира вработување преку подобрување на стручните вештини, преку принципот на партнерство помеѓу стручните училишта и приватниот сектор, додели благодарница на Агенцијата за Вработување на Република Северна Македонија за помош во реализација на Down4U проект за вработување на лица со попреченост во Ресторан Umbrella.

Пристапот до пазарот на трудот е особено важен за младите својата иднина да ја гледаат во Република Северна Македонија. Еден од факторите коишто би можеле да придонесат кон полесен пристап на младите кон пазарот на трудот е квалитетното стручно образование и обука.Менаџментот на Ресторан Амбрела, заедно со Агенцијата за вработување, спроведоа интервјуа со лица со попреченост кои во првата фаза започнаа обука за угостителски вештини. Обуката успешно ја завршија 20 лица на кои сопственикот Марјан Петров им додели сертификати.

Ова нека преставува еден поттик за цела Бизнис заедница, за вработување на овие лица.