Пребарувај
MK
|
AL
|
EN
Toggle navigation
Мени
Насловна
За нас
АВРСМ денес
Историјат
Информации од јавен карактер
Заштита на лични податоци
Заштитено внатрешно пријавување во АВРСМ
Евиденции од надлежност на АВРСМ
Контакти
Документи
Закони
Правилници
Програма на АВРСМ
Годишни извештаи
Оперативен план
Публикации
Национална класификација на занимања
Јавни набавки
Набавки
Статут
Кодекс за административни службеници
Буџет на АВРСМ
Обрасци
Инфо
Информации од АВРСМ
Вработувања во АВРСМ
Проекти
Гаранција за млади
Активација на ранливи групи на пазарот на трудот
IPA 2007-2013
новости
Контакт
настани АВРМ
Струга,01.07.2021
Демири
:
Свесни за важноста која вработувањето ја има врз креирањето на иднината на младите посветено работиме на нивно вклучување на пазарот на трудот
Денес во Струга директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири имаше свое обраќање на Националната работилница за креирање на позициски документ со препораки за подобрување на мерките за младинско вработување организирана од Коалицијата за младински организации СЕГА.
Директорот Демири ја истакна важноста на гласот на младите и нивните предлози за подобрување на на младинските политики. Во своето обраќање Демири вработувањето го посочи како прв предизвик со кој се соочуваат младите лица откако ќе го заокружат образовниот процес кој дава насока на животната патека по која ќе чекорат. Тој потенцираше дека токму затоа младите лица се една од главните целни групи во Оперативните планови за вработување кои ги имплементира АВРСМ кои содржат активни програми и мерки кои водат до директни вработувања и мерки кои ја зголемуваат вработливоста на невработените лица.
-7313 млади лица на возраст до 29 години лани учествуваа во Оперативниот план за вработување што претставуваа високи 66 проценти од вкупниот број на учесници. Ги повикуваме младите невработени лица да земат учество и во Оперативниот план за 2021 година кој е во тек и преку мерките и програмите кои тој ги нуди да се вклучат на пазарот на трудот, онаму каде што се најпотребни.-истакна Демири.
Целта на работилницата на која учествуваа голем број младински органзации кои се дел од коалицијата СЕГА и претставници на надлежни институции е да се идентификуваат потребите за зајакнување на постојните политики и активни мерки за вработување на младите со посебен фокус на два елементи- услови на пандемија и маргинализирани групи на млади и да се зајакне влијанието на младите и граѓанските организации со подготвен Позициски документ со препораки за подобрување на мерките за младинско вработување.