Пребарувај
MK
|
AL
|
EN
Toggle navigation
Мени
Насловна
За нас
АВРСМ денес
Историјат
Информации од јавен карактер
Заштита на лични податоци
Заштитено внатрешно пријавување во АВРСМ
Евиденции од надлежност на АВРСМ
Контакти
Документи
Закони
Правилници
Стратешки план
Програма на АВРСМ
Годишни извештаи
Оперативен план
Публикации
Јавни набавки
Набавки
Статут
Кодекс за административни службеници
Буџет на АВРСМ
Обрасци
Инфо
Информации од АВРСМ
Вработувања во АВРСМ
Проекти
Гаранција за млади
Активација на ранливи групи на пазарот на трудот
IPA 2007-2013
новости
Промотивни активности
Отворен Балкан
Отворен Балкан - Северна Македонија, Србија и Албанија
Контакт
30.06.2021
Демири : Реконструираниот Центар за вработување Куманово е креиран согласно потребите на невработените лица и работодавачите
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири денеска го посети Центарот за вработување Куманово кој доби нов модерен лик и е комплетно реконструиран.
Центарот за вработување Куманово доби нова фасада на зградата, беше променета кровната конструкција и прозорците, со што се зголеми енергетската ефикасност на целиот објект. Набавен беше и котел на пелети кој значително ќе ги намали трошоците на греење на објектот кој досега се греше на струја, а реновирана беше и водоводната и канализациската мрежа.
-Невработените лица и работодавачите сега услугите за намалувањето на невработеноста и зголемувањето на вработливоста во Куманово можат да ги добијат на место кое е функционално и реновирано согласно стандардите за заштита на животната средина и намалување на ефектите од аерозагадувањето.-потенцираше Демири.
Директорот на АВРСМ Демири при посетата на ЦВ Куманово потсети дека во тек е реализацијата на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година и ги повика сите невработени лица и работодавачи од Куманово да го посетат реконструираниот Центар за вработување и да се информираат за можностите кои овој Оперативен план ги нуди.
Реконструкцијата на Центарот за вработување Куманово финансиски е поддржана од Европската Унија преку проектот „ЕУ за млади“ што претставува значајна подршка која придонесува кон подобрување на условите за работа на АВРСМ, а со тоа и за унапредување на состојбата на пазарот на трудот во земјава.
Проектот за модернизација, санација и адаптација на објектот на Центарот за вработување Куманово чини 10.294.492,00 денари.