Teтово,27.05.2021
Демири: Младите се иднината и клуч за напредокот и просперитетот на државата

Денеска, во Тетово, директорот на АВРСМ, Абдуш Демири, заедно со американската амбасадорка г-ѓа Кејт Мари Бирнс, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) Акадeмик Проф. Д-р Абдилменаф Беџети и градоначалничката на Тетово г-ѓа Теута Ариф, беa дел од панел дискусија фокусирана на вработувањето и вработливоста на младите.
„Eден од главните приоритети во работењето на Агенцијата за вработување на РСМ е намалувањето на младинската невработеност и зголемувањето на вработловоста на младите лица, со цел тие полесно да се вклучат на пазарот на трудот. Токму затоа младите лица се една од главните фокус групи во Оперативните планови за вработување кои ги имплементира АВРСМ и кои содржат активни програми и мерки кои водат до директни вработувања и мерки кои ја зголемуваат вработливоста на невработените лица“ изјави директорот на АВРСМ, Абдуш Демири.

Тој додаде дека АВРСМ како институција става посебен фокус на младите, преку програмите и мерки што ги имплементира, како што се обуките за млади во областа на ИТ, обуките на работно место за познат работодавач, обуките за стручни квалификации според барање на работодавачите, обуките за возачи за Ц и Д категорија, Програмата за самовработување и Програмата за поддршка за креирање на нови работни места. Исто така, диркторот нагласи дека иако нашата земја не е членка на ЕУ, Северна Македонија преку АВРСМ го спроведува проектот Гаранција за млади, проект кој исто така го спроведуваат земјите-членки на ЕУ.
Целта на проектот Гаранција за млади е подобрување на позиционирањето на младите на пазарот на трудот, пред се, преку олеснување на преминот од образование кон вработување. Со проектот се овозможува на секое младо лице на возраст до 29 години, во период од 4 месеци по неговото прво евидентирање во АВРСМ како невработено лице, да добие соодветна понуда за вработување, можност да го продолжи образованието или да биде вклучено во некоја од активните мерки за вработување.
Панел дискусијата беше организизрана од страна на “Institute of Leadership and Public Policy (ИЛПП)”.