Скопје, 19.07.2021
Демири и Шахпаска придружени од стручните служби на работна средба во АВРСМ

Со цел зајакнување на соработката помеѓу Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика и обезбедување на ефикасни, навремени и квалитетни услуги за граѓаните, денеска стручните служби на двете институции предводени од директорот на АВРСМ Абдуш Демири и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска остварија работна средба.
Фокусот на средбата беше ставен на важноста на координираната соработка на центрите за социјална работа и центрите за вработување и активацијата на корисниците на гарантирана минимална помош на пазарот на трудот.
Акцент на средбата беше ставен и на реализацијата на Оперативниот план за вработување за 2021 година кој предизвика голем интерес кај невработените лица и работодавачите како и на проектот „Активација на ранливите групи на пазарот на труд“, финансиран од Европската Унија чија цел е намалување на долгорочната невработеност и зависноста од гарантираната минимална помош.