Работна средба на Директорот на АВРСМ,  г-дин Абдуш Демири и делегација од УНДП, предводена од  постојана претставничка г-ѓа Нарине Сахакјан

   

Денес, Директорот на Агенција за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ), г-дин Абдуш Демири оствари работна средба со делегација на Програма за развој на Обединети нации (УНДП), предводена од постојана претставничка г-ѓа Нарине Сахакјан.

На средбата двете страни се согласија дека досегашната успешна заедничката соработка со истата посветеност ќе продолжи и во иднина во уште поголеми предизвици проекти и активности.

Директорот на АВРСМ г-дин Абдуш Демири нагласи дека Соработката со УНДП при имплементација на програмите, мерките и услугите за вработување дефинирани во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот имаат огромно значење за невработените лица обезбедувајќи им поддршка за креирање на нови работни места како и зголемување на нивната вработливост.