12.08.2021

ЕТФ со напис за успешната реализација на Гаранција за млади во Република Северна Македонија

Европската тренинг фондација (European training foundation ) денес на својата официјална веб страна објави напис посветен на успешната реализација на проектот Гаранција за млади во Република Северна Македонија.

Нашата земја е прва во регионот која не е членка на Европската унија, а веќе четврта година успешно го имплементира проектот Гаранција за млади.

-Свесни за важноста на вработувањето врз креирањето на иднината на младите, еден од главните фокуси на кои посветено работиме е интеграција на младите лица на пазарот на трудот. Проектот Гаранција за млади е клучен во борбата со младинската невработеност бидејќи преку него иницираме брза интеграција на младите на пазарот на трудот и превенираме нивна долгорочна невработеност.- истакна директорот на АВРСМ Абдуш Демири во својата изјава дадена за Европската тренинг фондација.


https://www.etf.europa.eu/en/news-and-events/news/north-macedonias-youth-guarantee-knocking-back-numbers-neets