ПРИЈАВУВАЊЕ ПРЕКУ АГЕНЦИЈА ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА

Пријавување во работен однос може да се изврши и преку Агенции за привремени вработувања со наплата, непосредно на шалтер или по електронски пат, со:

    поднесување на ППР-образец;
    овластување на овластено лице, со список на лице/а кои ги пријавува;
    договор за вработување склучен помеѓу Агенцијата за привремено вработување и работникот кој се отстапува;
    список на лица кои се отстапуваат (со име и презиме) и матичен број на работодавачот на кој му се отстапуваат работниците;
    решение за упис во Централен регистар на РМ.