ПРОГРАМИ ЗА ПОДГОТОВАКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА 2011 ГОДИНА
 
 Вкупниот број на невработени лица кои биле на подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација) во 2011 година, вбројувајќи ги: лицата кои биле вклучени во реализацијата на програмите што започнале во 2010 а завршиле во 2011 година,  лицата вклучени во програмите чија реализација започнала и завршила во 2011 година и оние чија подготовка започнала во 2011 година а завршила во 2012 година, изнесува 204 невработени лица од кои 176(86%) се жени. 
         
        Во 2011 година со подготовка за вработување на неопределено време се вработиле 120 лица. од кои 99 (82,5%) се жени.
          
Анализа на податоците за реализираните програми за подготовка за вработување може да се изврши според дејноста на работодавачот за кого се врши подготовката за вработување, како и според  центрите за вработување.

        Според дејноста на работодавачот, најголем број невработени лица биле вклучени на подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација) во текстилната индустрија, по што следат:

  166    -  производство на текстилни производи                         (81%)
    28   -  услужни дејности                                                            (13,7%)
    10   -  останати дејности                                                             (5,3%)

Во 2011 година течеше реализацијата на 18 програми за подготовка за вработување во 6 центри за вработување, а тоа се следни:

-    Ценатар за вработување на Град Скопје, 8 програми за подготовка за вработување во кои биле вклучени 58 лица (28,4 %)
-    Ценатар за вработување Крива Паланка, 4 програми за подготовка за вработување во кои биле вклучени 51 лица (25,0 %)
-    Ценатар за вработување Велес, 2 програми за подготовка за вработување во кои биле вклучени 37 лица (16,7 %)
-    Ценатар за вработување Свети Николе, 1 програма за подготовка за вработување во која биле вклучени 29 лица (14,2 %)
-    Ценатар за вработувањеПробиштип, 2 програми за подготовка за вработување во кои биле вклучени 17 лица (8,3 %)
-    Ценатар за вработување Куманово, 1 програма за подготовка за вработување во која биле вклучени 15 лица (7,4 %)


Во споредба со 2010 година  кога вкупниот број на лица кои биле на подготовка за вработување изнесувал 280, во 2011 година бројот на овие лица е намален на 204. Бројот на лица кои засновале работен однос по завршување на подготовка за вработување  во 2011 година е 120 и е намален во однос на 2010 година кога овој број изнесувал 165.