ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ РАБОТЕН ОДНОС
ППР образец, во кој рокот за пријавување неможе да биде пократок од 3 работни дена;
Овластување – на овластено лице со список на лица кои ги пријавува;
Во овластувањето се наведува:
назив, седиште, адреса, единствен даночен број и единствен матичен број на работодавачот каде се заснова работниот однос;
име, презиме и ЕМБГ на лицето кое се овластува да ја изврши пријавата на лицата содржани во списокот;
име, презиме и ЕМБГ на лицата кои се пријавуваат во работен однос;
број на договорот за вработување и датум на склучување на договорот за вработување.
Исечок од објавениот оглас во дневен печат, во прилог на ППР образецот (доколку пополнувањето на слободното работно место го врши преку огласување во дневен печат) односно фотокопија од договорот за користење на услуги (доколку користел услуги на Агенција за посредување при вработување со наплата);
Известување – согласност за вработување, издадено од Министерството за финансии, друго Министерство или Градоначалникот на локалната самоуправа (доколку се пријавува работен однос во државна или јавна институција).
Врз основа на горенаведените документи, вработениот во центарот за вработување го евидентира пријавувањето на работниот однос во електронскиот образец М1/М2 во системот на Агенцијата за вработување. Се печатат 2 исти примероци од пријавата, од кои 1 примерок, потпишан и заверени со печат од центарот за вработување, се врачува на лицето кое го поднело овластувањето.