МИРУВАЊЕ НА ИСПЛАТАТА НА ПАРИЧНИОТ НАДОМЕСТОК
По барање на невработеното лице, правото на исплата на паричен надоместок може да мирува во случај кога:
- престојува надвор од РМ повеќе од 30 дена заради семејно обидинување, но не повеќе од 90 дена; и
- престојува надвор од РМ заради лекување или помош и нега на член од потесното семејство повеќе од 30 дена, но не повеќе од 90 дена.
По престанокот на горенаведените причини, продолжува исплатата на паричниот надоместок за преостанатото време за кое на невработеното лице му е признато право на паричен надоместок.
Доколку кај невработеното лице, корисник на паричен надоместок настане некоја од горенаведените причини, должно е да го извести центарот за вработување каде е евидентирано како невработенот лице и остварува право на паричен надоместо, односно да поднесе Барање во кое се наведува причината за мирување на исплатата на паричниот надоместок, и согласно барањето центарот за вработување донесува решение за мирување на правото на паричен надоместок. Барањето за продолжување на правото на исплата на паричниот надоместок се поднесува во рок од 3 дена од денот на истекот на рокот утврден со решението за мирување на паричниот надоместок. Доколку барањето се поднесе по истекот на рокот, невработеното лице нема право на паричен надоместок, односно му престанува правото на паричен надоместок и службеното лице донесува решение за престанок на правото на паричен надоместок.
При поднесување на барањето, барателот е должен да достави: важечка лична карта (на увид), контролен картон за евидентирање и решението за мирување на правото на паричен надоместок
Доколку барањето за продолжување на паричен надоместок се поднесе во утврдениот рок од 3 дена, правото на паричен надоместок продолжува да го користи од денот на поднесувањето на барањето за преостанатото време за кое на невработеното лице му е признато право на паричен надоместок (во висина на паричниот надоместок кој го остварувал пред да биде донесено решението за мирување).