Previous Next
Прегледај ги сите огласи
Previous Next
Прегледај ги сите огласи
Скопје, 28.05.2020 година
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила со која сите невработени лица на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април 2020 година имаат право на паричен надоместок, независно од времето поминато во работен однос.
Паричниот надоместок ќе се исплатува во висина од 50% од месечната нето плата на работникот исплатена за последниот месец, но не повеќе од 80% од просечната месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија, објавена за последниот месец. во случај кога работниот однос престанал со давање на писмена изјава од страна на работникот, спогодбено престанал работниот однос или работниот однос престанал со отказ од страна на работодавачот, за времетраење од два месеци, сметано од престанокот на работниот однос.
За остварување на правото на паричен надоместок, невработеното лице треба да достави Барање до надлежниот центар за вработување, во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на Уредбата, односно до 26 јуни 2020 година.
Со донесувањето на оваа Уредба, Владата на Република Северна Македонија уште еднаш покажа дека се грижи за сите граѓани полесно да го пребродат периодот на невработеност преку давање извесна материјална сигурност поради губењето на работното место.




повеќе...

СООПШТЕНИЕ

📌 Редовното пријавување на невработените лица на 30 дена односно 6 месеци (вклучувајќи ги и корисниците на паричен надоместок и корисниците на социјална парична помош) е запрено, се до истекот на важење на донесените мерки за заштита од коронавирус инфекцијата и истото ќе биде оправдано.

📌 Лицата на кои им престанал работениот однос во изминатиов период на важење на мерките, како и оние лица кои првпат треба да се евидентираат како невработени лица, може да се пријават во надлежните Центри за вработување.

  За сите дополнителни прашања, може да не контактирате на телефонскиот број (02) 3111850, електронскта пошта info@av.gov.mk, како и на нашата facebook страна.

сите настани

Посебен фонд за инвалидни лица за 2020 Година

Детали

Пазар на труд


Анализа на слободни работни места по центри за вработување, дејност на фирмите и најбарани 25 занимања

Повеќе


Анализа на бројот на невработени лица по центри за вработување, полова структура и образование

Повеќе


Анкета за потреба од вештини на пазарот на трудот.

Повеќе

ОПЕРАТИВЕН ПЛАН 2020

за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020

Оперативен план

Оперативен план - брошура