14.06.2022 година

Јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад

Инструкции по Јавниот повик

Прилог 1

Прилог 2


 22.03.2022

Известување

 

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија известува дека поради надградба на веб-страната www.av.gov.mk  и системот за електронски услуги е-Работа, истите нема да бидат во функција од петок 25.03.2022 година (по 20:00 часот), се до недела 27.03.2022 година (до 23:00 часот).

Навремено ги известуваме корисниците на услугите на системот за електронски услуги е-Работа своите обврски планирани за гореспоменатите датуми да ги реорганизираат.

Благодариме за разбирањето и соработката.


15.02.2022

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Aгенцијата за вработување на Република Северна Македонија дава поддршка на сите издржани активности кои водат до намалување на невработеноста и зголемување на вработливоста на невработените лица.

Во таа насока Ве информираме дека во рамките на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” е предвидено да се одржи Регионален младински саем за вработување во Скопје, на 28.02.2022 година

Во прилог Ви ги доставуваме линковите за повиците за учество на Регионалниот младински саем за вработување.

  • Повик за учесници на Регионалниот младински саем за вработување: https://mladihub.mk/newsd/34
  • Повик за правни субјекти на Регионалниот младински саем за вработување: https://mladihub.mk/newsd/35


31.01.2022

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за промена на начинот на пристап до системот е-Работа

Почитувани корисници на е-Работа,

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија подготвува промена на  начинот на пристап до системот е-Работа преку интегрaција со системот за единствена најава eID на Министерството за информатичко општество и администрација.

Еден корисник на е-Работа секогаш ќе се најавува со свое лично корисничко име, без разлика дали користи услуги за  физичко или правно лице. Предуслови кои треба да бидат исполнети се:


повеќе...

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ОД 06.08.2021 објавено на 18.11.2021 година

Поради распишување на Изборите за членови на советите на општините и Советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје во 2021 година, беше донесена Одлука бр.03-2075/3 од 09.08.2021 година  со која се ставаат во мирување  активностите и се запираат сите рокови поврзани со Јавниот повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола  за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад од 06.08.2021 година.

 Со оглед да Изборите за членови на советите на општините и Советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје во 2021 година се завршени, продолжуваат активностите по Јавниот повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола  за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад од 06.08.2021 година и продолжуваат  да течат  роковите  поврзани со истиот (за онолку денови за колку истите мирувале, односно биле запрени).

 Согласно горенаведеното, рокот за доставување Пријава по Јавниот повик е заклучно со 30.11.2021 година.



СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ЈАВНИОТ ПОВИК ОД 06.08.2021
Поради распишување на Изборите за членови на советите на општините и Советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје во 2021 година, започнатата постапка  по Јавниот повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола  за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад од 06.08.2021 година се става во мирување.

JАВЕН ПОВИК ОД 06.08.2021

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР  НА ПРАВНО ЛИЦЕ КОЕ ВРШИ ДЕЈНОСТ ИЛИ ПОСЕДУВА ДОЗВОЛА ЗА СОБИРАЊЕ И/ИЛИ ТРАНСПОРТИРАЊЕ ПРЕРАБОТКА, РЕЦИКЛИРАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ НА ОТПАД од 06.08.2021

- ИНСТРУКЦИИ  ПО ЈАВЕН ПОВИК за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад

-Прилог 1 - Табела со движни ствари

-Прилог 2- Пријава за учество


ИЗВЕСТУВАЊЕ

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги известува сите невработени лица дека од 15 септември 2020 година продолжува со редовното пријавување на секои 30 дена (за активните баратели на работа) односно на секои 6 месеци (за другите лица кои бараат работа).

Секое невработено лице кое има оставено контакт телефонски број веќе е известено по смс порака за точниот датум кога треба да се пријави во надлежниот центар за вработување или дисперзирана канцеларија, од причина што од 15.09.2020 година повторно е ставен во функција системот за распределување на термини за редовно пријавување, согласно законските рокови за пријавување на 30 дена односно 6 месеци. Сите невработени лица кои се пријавуваа во периодот кога беше запрено редовното приојавување, ги замолуваме да го почитуваат терминот наведен во смс пораката, кој што е системски изгенериран.

Невработените лица кои немаат оставено точен контакт телефонски број и кои немаат добиено смс порака, потребно е да се пријават во наредните 30 дена.

Воедно напоменуваме дека при пријавувањето задолжително треба да се почитуваат препораките на Министерството за здравство за спречување на ширење на вирусот КОВИД 19, односно задолжително носење заштитни маски и одржување соодветна дистанца од другите лица.

Локациите за дисперзираните канцеларии на Центарот за вработување на град Скопје можете да ги превземете тука



ОПЕРАТИВЕН ПЛАН
за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година
#ШансаЗаСите

БРОШУРА МКД


PLANI OPERATIV
për programe dhe masa aktive për punësimedhe shërbime në tregun e punës për vitin 2019
#ShansPërTëGjithë

BROSHURA SHQIP

________________________________________________________________________________________________

Почитувани,

Ве известуваме дека Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата е објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 198 од 31.10.2018 година.

Сите заинтересирани лица можат да поднесат лично барање до надлежните центри за вработување каде што се евидентирани.

Рокот за поднесување на барањата е до 31.12.2018 година.

Напоменуваме дека при поднесување на барањето, заинтересираните лица треба да поднесат единствено лична карта на увид, без дополнителна документација. Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе ги прибави сите потребни документи по службена должност од надлежните институции.

За сите подетални информации можете да се обратите во надлежните Центри за вработување или на телефонските броеви објавени на нашата веб-страна www.avrm.gov.mk 

Со почит

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

__________________________________________________________________________________