Скопје, 15.01.2021
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Абдуш Демири денеска одржаа прес-конференција на која ја презентираа реализацијата на Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за 2020 година.
повеќе... Скопје,19.11.2020 година
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Абдуш Демири денес оствари прв работен состанок со Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
повеќе...
Скопје, 14.09.2020 година
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги известува сите невработени лица дека од 15 септември 2020 година продолжува со редовното пријавување на секои 30 дена (за активните баратели на работа) односно на секои 6 месеци (за другите лица кои бараат работа).
повеќе...
Почитувани,
Согласно ИПА проектот “Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, а имплементиран од страна на Агенцијата за Вработување на Република Северна Македонија на ден 05.08.2020 година Агенцијата за вработување на РСМ во дневните весници во дневните весници СЛОБОДЕН ПЕЧАТ и КОХА објави Јавен повик за спроведувачи на услуги за Психосоцијална Поддршка .
Процедура и рок за аплицирање
повеќе...Скопје, 17.07.2020 година

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP MK) информираат дека се појавени случаи на обиди за измама на апликантите кои учествуваат во програмата за Самовработување, со цел изнуда и незаконско стекнување финансиска корист.
повеќе...Скопје, 28.05.2020 година

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила со која сите невработени лица на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април 2020 година имаат право на паричен надоместок, независно од времето поминато во работен однос.
повеќе...Скопје, 15.05.2020 година
Работни места и во услови на здравствено-економска криза предизвикана од КОВИД-19
Aктивните мерки за вработување отвораат работни места и во услови на здравствено-економска криза предизвикана од КОВИД-19. Со финансиска помош за вработување на невработени лица во висина од над 236 милиони денари подржани се 1.223 нови вработувања. Оперативниот план за вработување и во овие исклучително тешки услови се покажува како функционална рамка за отворање нови работни места која успешно го ублажува ударот на кризата и го олеснува опоравувањето на економијата.
повеќе...Скопје, 12.05.2020 годинa


Оперативниот план на активните мерки и програми за вработување при Агенција за вработување и МТСП, во партнерство со UNDP MK, поддржана од Embassy of Switzerland in North Macedonia 2020 се имплементира приспособен на вонредните околности.
повеќе... Скопје, 11.05.2020 година

170 лица кои досега испорачува услуги за околу 1500 стари лица низ 26 општини го продолжаат својот ангажман и во текот на месец мај. Со тоа, и најзагрозените граѓани од нашите општини ќе бидат непречено снабдувани со намирници и лекови, и ќе добиваат помош за вршење на нивните административни обврски. Повеќе информации за типот на услуги од секоја општина може да најдете на www.pomagame.mk
повеќе...Скопје, 10.05.2020 година

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска во интервју за МИА вели дека бројот на невработени во март и април бележи зголемување што беше очекувано, но оти охрабруваат податоците за објавените слободни работни места од страна на работодавачите.
повеќе...Скопје, 08.05.2020 година
Агенција за вработување на Република Северна Македонија денес изврши исплата на средствата за паричен надоместок за 15075 лица кои се корисници на паричен надоместок согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок согласно Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.
Вкупниот износ на исплатените средства за месец април 2020 година изнесува 149.060.942,00 денари
Скопје, 07.05.2020 година

Преку мерката Субвенционирање на плати, која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот 2020 година, досега се вработија 926 лица кај 701 работодавач од приватниот сектор, за кои денес Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија исплати 207.765.000,00 денари
повеќе...Скопје,23.04.2020 година
Соопштение
📌 Ги информираме сите невработени лица и работодавачи дека од 23.04.2020 година приемот на странки во центрите за вработување ќе биде од 07:30 до 15:30 часот. Оваа промена е согласно Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на распоред на работното време бр.44-3321/1 од 22.04.2020 година, објавена во „Службен весник бр.107/2020 година , а се однесува на намалувањто на рестрикциите на движењето и на зголемување за заштитата на граѓаните, секој работен ден, од понеделник до петок, од 19:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
☎ За сите дополнителни прашања, може да не контактирате на телефонскиот број (02) 3111850, електронскта пошта info@av.gov.mk, како и на нашата facebook страна.
Скопје 22.04.2020
На приближно 14000 лица им овозможивме да ги преточат својата бизнис идеја и бизнис план во одржливо вработување преку Програмата за самовработување, која веќе деценија наназад успешно ја спроведуваме во соработка со UNDP MK и Министерство за труд и социјална политика.
повеќе...
Скопје,07.04.2020 година
Соопштение
📌 Ги информираме сите невработени лица и работодавачи дека од 08.04.2020 година приемот на странки во центрите за вработување ќе биде од 08:30 до 13:30 часот.Оваа промена е согласно Одлуката за утврдување на распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр.92 /2020 од 06/04/2020, според која работното време на институциите е од 08:00 до 14:00 часот, како и воведување на забрана на движењето за сите граѓани на ниво на целата територија на Република Северна Македонија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
☎ За сите дополнителни прашања, може да не контактирате на телефонскиот број (02) 3111850, електронскта пошта info@av.gov.mk, како и на нашата facebook страна.

Скопје,23.03.2020 година
Соопштение
🔴 Следејќи ги насоките на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на коронавирус инфекцијата, како општествено одговорна институција Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги известува сите невработени лица дека редовното пријавување во центрите за вработување е запрено, се до истекот на важење на донесените мерки за заштита од коронавирус инфекцијата, а истото ќе им биде оправдано.
Напоменуваме дека граѓаните имаат можност да ги користат електронските услуги на Агенцијата за вработување, кои се достапни на порталот uslugi.gov.mk, за издавање на:
📌 историјат на работни односи,
📌 извод од компјутерски запис - образец м1/м2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување,
📌 потврда за неевидентирано лице,
📌 потврда за евидентирано друго лице кое бара работа и
📌 потврда за евидентирано невработено лице.
☎ За сите дополнителни прашања, може да не контактирате на телефонскиот број (02) 3111850, електронскта пошта info@av.gov.mk, како и на нашата facebook страна.
Скопје,13.02.2020

Директорката на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија - Билјана Јовановска, заедно со заменичката на претседателот на Владата за економски прашања - Мила Царовска, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика - Санела Шкријељ и постојаната претставничка на УНДП во Република Северна Македонија - Нарине Сахакјан, денес во Владата на Република Северна Македонија одржаа средба со претставници на организациите на работодавачите и синдикалните организации, со цел промоција на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година. Притоа, Директорката Билјана Јовановска ги презентираше овогодишните активни програми и мерки за вработување, изразувајќи уверување за нивна успешна имплементација.
повеќе...Скопје, 11.02.2020
Информативна работилница за новините во Програмата за Самовработување
Програмата за Самовработување, како една од најатрактивните програми за вработување на невработените лица, овозможува финансиска поддршка при започнување на сопствен бизнис. Во рамките на подготовките за успешна имплементација на програмата и оваа година, денес, во организација на УНДП, се одржа информативна работилница за новините во програмата, на која учествуваа претставници од центрите за вработување на АВРСМ и УНДП. На работилницата свои воведни обраќања имаа Директорката на АВРСМ, Билјана Јовановска, како и постојаната претставничка на УНДП во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан, кои ја истакнаа значајноста на оваа програма за развојот на претприемништвото меѓу невработените лица. Јавниот повик за учество во програмата ќе биде објавен во најскоро време, и тоа во дневниот печат, како и на веб-страната и фејсбук страната на АВРСМ.
Скопје 26.01.2020
Преку 11 илјади и 700 невработени граѓани ќе бидат опфатени со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот, за кој во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари, информираа на прес конференција претседателот на Владата Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска.
повеќе...Скопје, 17.01.2020
Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменска министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска ги презентираа резултатите на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.
повеќе...Скопје, 27.12.2019
Во своето гостување на „Утрински брифинг“ за „Слободен печат“, директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, посочи дека оваа Влада сериозно пристапува кон реформи во целиот систем за решавање на проблемот со вработувањата и иселувањето на младите.
повеќе...Скопје, 25.11.2019
Програмата Самовработување е една од најуспешните активни програми за вработување, и за која постои најголем интерес за учество кај невработените лица.
Успешноста на оваа програма е резултат на мошне значајната соработка помеѓу повеќе институции - АВРСМ со МТСП, УНДП, АППРМ и ФИТР.
повеќе...Скопје, 22.11.2019

Младинскиот додаток во висина од 3.000 денари месечно ќе им се исплаќа на млади вработени лица до 23 години со завршено најмалку средно образование во дејностите на производството за да го зајакнеме нивниот стандард и да ја стимулираме атрактивноста на стручните занимања за кои на пазарот на трудот во нашата земја постои нагласен интерес, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев, кој со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и со директорката на Агенцијата за вработување на Северна Македонија, Билјана Јовановска, во компанијата „Римес“ ја промовираа оваа мерка.
повеќе...Скопје, 22.11.2019
Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, бизнис заедницата, локалниот економско социјален совет, и останатите засегнати страни денеска во Скопје ја одржаа последната регионална средба за креирање на новиот Оперативен план за активни мерки за вработување за 2020 година.
повеќе...Прилеп, 21.11.2019

Во Центарот за вработување во Прилеп, денеска беа потпишани договори за мерката „самовработување со грант“, со што 35 лица добија неповратни средства во висина од 5.000 евра, за отворање сопствен бизнис.
повеќе...Тетово. 12.11.2019
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и Сања Бојаниќ денеска во Тетово посетија пекарница и уште два бизниса основани со мерките за самовработување преку Оперативниот план на Владата.
повеќе...
„Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ е Проект финансиран од страна на Европската Унија. Целта на овој ИПА Проект е ефективно вклучување на ранливите лица и примателите на социјална помош на пазарот на трудот и постигнување на најдобрите можни социјални исходи за нив преку нудење на квалитетни персонализирани услуги и развој на вештини. Проектот ги поддржува следниве активни мерки на пазарот на трудот: Програма за психо-социјална поддршка и за менторска поддршка; Обуки за вештини побарувани на пазарот на трудот; Обуки на работно место и Субвенционирано вработување.
повеќе...Тетово, 24.10.2019
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и постојаната претставничка на УНДП во Северна Македонија Нарине Сахакјан денеска во Тетово се сретнаа со невработени лица коишто се селектирани за користење на неповратни средства од програмата за Самовработување.
повеќе...Битола, 10.10.2019

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална, заедно со градоначалниците на општините и стопанствениците од Пелагонискиот регион, денес во Битола одржаа регионален состанок за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година.
повеќе...Тетово, 03.10.2019
Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, бизнис заедницата, локалниот економско социјален совет, и останатите чинители денеска во Тетово на регионален состанок почнаа широка консултација за новиот оперативен план за активни мерки за вработување за 2020 година. Конкретните предлозите се очекува да произлезат од Локалниот економско социјален совет како и од членовите на Стопанската комора на северозападна Македонија и останатите стопански комори.
повеќе...03.10.2019
Ве известуваме дека денес (03.10.2019) во текот на работниот ден поради миграција на телефонските линии (фиксната телефонија) ќе има периодични прекини.
Доколку сакате да добиете одредена информација, Ве замолуваме да ги исконтактирате колегите на мобилните телефони или e-mail адресите на следниот ЛИНК.
Скопје 18.09.2019

Проектот Образование за вработување во Република Северна Македонија (Е4Е@mk) е поддржан од Швајцарија. Истиот започна со договор помеѓу Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија Сибил Сутер, заедно со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и Министерот за образование и наука на Република Северна Македонија Арбер Адеми.
Проектот има за цел да стимулира вработување преку подобрување на стручните вештини, преку принципот на партнерство помеѓу стручните училишта и приватниот сектор.
повеќе...Скопје 17.09.2019
Педесетина вработени од 30 центри за вработување ја започнаа првата тридневна обука за новите профили на вработени – советници за работодавачи.
повеќе...
Обуките за ИТ вештини имаат за цел да се надградат вештините за невработените млади лица до 34 години во областа на информациските технологии заради зголемување на нивната конкурентност и побрза интеграција на пазарот на трудот.
повеќе... 12.06.2019

450 невработени лица се вклучија на пазарот на трудот преку мерката Вработување и раст на правни субјекти која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година- Шанса за сите.
повеќе...07.06.2019
Преку мерката Субвенционирање на плати која претставува финансиска поддршка за креирање на нови работни места вработени се 922 лица во 717 фирми, а од нив 516 се млади лица до 29 години.
повеќе...Скопје 14.05.2019
Агенцијата за вработување на РСМ денеска ја одржа завршната Работилница за приоритизација на моделот за управување со квалитет КАФ. Реномирани австриски експерти за имплементација на моделот КАФ заедно со претставниците на Агенцијата за вработување ги дефинираа приоритетите на имплементација на моделот кој подразбира самопроценка од страна на вработените според критериуми кои опфаќаат различни области од работата на АВРСМ.
повеќе...Скопје 13.05.2019
"Од замисла до услуга" е насловена денешната работилница посветена на програмата Општинско корисна работа која се одржа во Скопје.
На работилницата чија цел е е дизајнирање на предлог социјални услуги на локално ниво со фокус на поединецот и неговите реални потреби присуствуваа претставници на Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика, УНДП и локалната самоуправа.
повеќе...24.04.2019
950 млади лица започнаа со обавување на практичната работа преку програмата Практиканство која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.
повеќе...Скопје 12.04.2019

Значително голем интерес за учество во мерките и програмите за вработување кои се дел од Оперативниот план 2019 покажаа невработените лица и работодавачите.
Оваа 2019 година Оперативниот план за вработување има најголем буџет за реализација до сега, во висина од 1.1 милјарда денари како и најголем опфат на корисници, односно 2000 корисници повеќе од лани.
повеќе...Скопје 27.03.2019
Со цел да се идентификуваат потребите за модернизација и унапредување на Агенцијата за вработување и да се обезбедат препораки кои ќе бидат јасен показател за делотворна институционална реорганизација и развивање на капацитетите, раководството на АВРСМ иницираше спроведување на функционална анализа на институцијата.
повеќе...Скопје 25.03.2019
Денеска во Општина Аеродром се одржа промоција на новиот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот 2019. Пред присутните работодавачи од општината се обратија директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин.
повеќе...
Почитувани, Ве известуваме дека поради голем интерес за учество во програмата Самовработување, мерката Субвенционирање на плати и Обуките за побарувани занимања и занаети предвидениот опфат на апликации е пополнет и од тие причини јавните повици за мерките се затворени за апликација.
повеќе...
Центрите за вработување започнаа со организација на информативни средби за да ги запознаат невработените лица со можностите кои ги нуди Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.
Центрите за вработување Куманово, Штип и Делчево беа организатори на инфо-средби кои ќе продолжат да се одржуваат во сите Центри за вработување во земјава.
повеќе... Скопје 25.02.2019
Денеска во малата сала во Филхармонија се одржа панел дискусија помеѓу владини претставници на институциите, претставници на бизнис заедницата и корисниците на мерките на којашто се презентираше Оперативниот план за вработување за 2019.
повеќе...Скопје 21.02.2019
Денеска беше промовиран системот „Една точка за услуги“ - повеќе електронски услуги и информации на едно место.
Системот ќе овозможи на едно место да се добијат повеќе услуги од повеќе министерства и државни институции, со што значително ќе се намали времето на чекање на граѓаните при добивањето на услугите и ќе придонесе за создавање на јавна администрација како вистински сервис на граѓанитe.
повеќе...
На ниво на Република Македонија во период од 6-12 месеци кај 1883 анкетирани работодавачи од приватниот сектор, се очекуваат да се реализираат 18 463 вработувања.
повеќе...Скопје, 23.01.2019
Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година има високи 95 проценти реализација. Со него беа вкупно опфатени 6374 лица, од кои 3359 или 53 % беа млади лица до 29 години.
повеќе...01.01.2019

Скопје, 13.12.2018
Официјалниот веб-сајт на Агенцијата за вработување на РМ ја доби втората награда во категоријата владини / државни институции во рамки на манифестацијата „Сајт на годината 2018“
повеќе...Струмица 30.11.2018
Денеска во Струмица пред повеќе од 100 стопанственици се одржа втората информативна бизнис средба „Шанса за сите“. На регионалниот состанок, освен владини прeтставници и меѓународни организации присуствуваа лица од стопанските комори, бизнис асоцијациите и други регионални бизнис организации.
повеќе...Скопје, 26.11.2018
Под покровителство на Советот за регионална соработка (RCC) во рамки на проектот „Платформа за вработување и социјални работи“ денеска во Скопје се одржува регионална работилница за Практиканство. На работилницата учествуваат претставници на министерствата надлежни за работите од областа на трудот и јавните служби за вработување на 6-те држави од Западен Балкан, кои денес и утре имаат можност да разменат знаења, искуства и позитивни пракси од имплементација на програмата Практиканство. Оваа програма во Македонија покажува најуспешни резултати во однос на земјите од Западен Балкан и токму затоа Скопје е домаќин на регионалната работилница за Практиканство.
повеќе...Велес, 18.11.2018
Министерството за труд и социјална политика, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, Агенцијата за вработување на РМ и другите вклучени чинители започнаа со подготовка на новиот Оперативен план за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 години.
повеќе...Скопје 16.11.2018
Директорката на Агенцијата за вработување на РМ Билјана Јовановска денеска присуствуваше на седница на Управниот Одбор на Организацијата на работодавачи на РМ.
повеќе...Софија, 15.11.2018
Делегација на Агенцијата за вработување на Република Македонија предводена од директорката Билјана Јовановска денеска оствари работна средба со делегација на Агенцијата за вработување на Република Бугарија. Директорката на Агенцијата за вработување на РМ Јовановска се сретна со директорот на Агенцијата за вработување на Бугарија Драгомир Николов со цел да се разменат искуства на полето на развој на пазарот на трудот.
повеќе...Агенцијата за вработување на РМ, претставувана од директорот Билјана Јовановска, учествуваше на 9-тиот состанок на Одборот на генерални директори на јавните служби за вработување од државите од ЕУ, каде за првпат беше поканета да учествува и Агенцијата за вработување на Република Македонија.
повеќе...Скопје, 16.07.2018 година
Јовановска: Преку персоналните асистенти за инвалидни лица вклучуваме невработени лица на пазарот на трудот и помагаме на лицата со попреченост
Во присуство на директорката на Агенцијата за вработување на РМ Билјана Јовановска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претставници на Црвениот крст, во просториите на Владата на РМ, денеска беа доделени 92 сертификати за персонални асистенти за инвалидни лица.
повеќе...Во периодот од 18-20 Јуни 2018 година, Директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска, учествуваше на работни средби на тема "Вработување и развој на пазарот на труд во државите на Западен Балкан“.
Организатор на настаните беше Советот за регионална соработка (RCC) преку ESAP проектот.
повеќе...