ОПЕРАТИВЕН ПЛАН
за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година
#ШансаЗаСите

БРОШУРА МКД


PLANI OPERATIV
për programe dhe masa aktive për punësimedhe shërbime në tregun e punës për vitin 2019
#ShansPërTëGjithë

BROSHURA SHQIP

________________________________________________________________________________________________

Почитувани,

Ве известуваме дека Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата е објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 198 од 31.10.2018 година.

Сите заинтересирани лица можат да поднесат лично барање до надлежните центри за вработување каде што се евидентирани.

Рокот за поднесување на барањата е до 31.12.2018 година.

Напоменуваме дека при поднесување на барањето, заинтересираните лица треба да поднесат единствено лична карта на увид, без дополнителна документација. Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе ги прибави сите потребни документи по службена должност од надлежните институции.

За сите подетални информации можете да се обратите во надлежните Центри за вработување или на телефонските броеви објавени на нашата веб-страна www.avrm.gov.mk 

Со почит

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

__________________________________________________________________________________


Почитувани граѓани и корисници на услугите на Агенцијата за вработување на Република Македонија,

Ве известуваме дека, почнувајќи од 25.09.2017 година, работното време на Агенцијата за вработување на Република Македонија и подрачните центри за вработување започнува во 7:30 часот, а завршува во 15:30 часот.
Притоа, службата за пријавување и одјавување на работни односи во центарот за вработување на Град Скопје ќе работи како и досега, до 18:30 часот.

Со почит,

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

___________________________________________________________________________________