Известување за Оперативниот план 2019


Почитувани, Ве известуваме дека поради голем интерес за учество во програмата Самовработување, мерката Субвенционирање на плати и Обуките за побарувани занимања и занаети предвидениот опфат на апликации е пополнет и од тие причини јавните повици за мерките се затворени за апликација.

Во периодот кој следи ќе биде направена селекција и доколку апликантите не ги исполнуваат критериумите за учество дел од мерките повторно ќе бидат отворени за апликација, се до исполнување на предвидениот опфат на учесници, односно до искористување на преедвидените средства.

Ве повикуваме да аплицирате за мерките Вработување и раст на правни субјекти, Практиканство, Обука на работно место за познат работодавач, Обука за стручни квалификации според барање на работодавачите и Јавни работи.

За овие мерки јавните повици се сеуште отворени. За повеќе детали обратете се на веб страната на Агенција за вработување /oglasi-za-aktivni-merki.nspx и во сите Центри за вработување во земјава.