Работиме сериозно и долгорочно за невработените лица да бидат успешно преквалификувани и доквалификувани

Во своето гостување на „Утрински брифинг“ за „Слободен печат“, директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, посочи дека оваа Влада сериозно пристапува кон реформи во целиот систем за решавање на проблемот со вработувањата и иселувањето на младите. „ Имаме младинска гаранција која што е успешен пример во светот, го спроведуваме ние кои што не сме членка на Европската Унија, за оваа мерка имаме пофални зборови од Европската Унија“.

Јас верувам дека на нашите граѓани им е многу подобро кога се во Република Северна Македонија и кога се со своето семејство, бидејќи имаме во предвид дека и во Германија и било каде на друго место во странство и системот функционира поинаку. Тука имаме и еден убав социјален живот и верувам дека со сето она што го правиме сериозно и долгорочно невработените лица ќе бидат успешно преквалификувани и доквалификувани, вклучени на пазарот на трудот,а нашите работодавачи ќе бидат задоволни од она што ќе го добијат.

Педесет проценти од невработените лица се лица без образование и со основно образование и тоа се лица кои во минатото имале работни места на одредени работни позиции. Истите тие преку обуките и доквалификациите кои што ги правиме во 2019 и што ќе ги правивме во 2020-та, заедно со Организацијата на работодавачи и Стопанската комора ќе обезбедиме преквалификација и доквалификација како би ги прилагодиле на потребите на пазарот на труд, односно на работодавачите.