Јовановска на седница на Управен одбор на Организација на работодавачи на РМ
Директорката на Агенцијата за вработување на РМ Билјана Јовановска денеска присуствуваше на седница на Управниот Одбор на Организацијата на работодавачи на РМ. Јовановска и работодавачите разменија мислења за подобрување на состојбата на пазарот на трудот, причините за расчекорот помеѓу понудата и побарувачката, а беа споделени и предлози за подобрување на начинот на посредување при вработување.
