Регионален состанок во Битола

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална, заедно со градоначалниците на општините и стопанствениците од Пелагонискиот регион, денес во Битола одржаа регионален состанок за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година.

Директорката на Агенцијата, Билјана Јовановска, истакна дека досега постои висок процент на реализација на активните мерки за вработување, при што само во тековната 2019 година, во Пелагонискиот регион, над 350 правни субјекти и приближно 800 лица земале учество во активните мерки за вработување. Најголем е интересот за програмата за самовработување, субвенционирање на плати, разните видови на обуки, како и програмата за практикантство