Преку Општинско корисна работа до активација на невработените лица на пазарот на трудот и обезбедување на социјални услуги за заедницата
"Од замисла до услуга" е насловена денешната работилница посветена на програмата Општинско корисна работа која се одржа во Скопје.
На работилницата чија цел е е дизајнирање на предлог социјални услуги на локално ниво со фокус на поединецот и неговите реални потреби присуствуваа претставници на Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика, УНДП и локалната самоупава.
Во рамките на оваа програма ќе се оддржат 3 регионални работилници каде ќе се разгледуваат актуелните проблеми и потреби на заедницата и ќе се дефинираат клучните сегменти за успешна реализација на програмата.
Невработените лица кои ќе бидат вклучени во програмата ќе добиваат 9000 денари месечно за ангажман од 20 работни часа неделно.
Со програмата Општинско корисна работа која е дел од Оперативниот план за вработување 2019 – „Шанса за сите“ е предвидено да бидат работно ангажирани 430 невработени лица при обезбедување на социјални услуги на локално ниво.
