Скопје, 28.05.2020 година
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила со која сите невработени лица на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април 2020 година имаат право на паричен надоместок, независно од времето поминато во работен однос.
Паричниот надоместок ќе се исплатува во висина од 50% од месечната нето плата на работникот исплатена за последниот месец, но не повеќе од 80% од просечната месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија, објавена за последниот месец. во случај кога работниот однос престанал со давање на писмена изјава од страна на работникот, спогодбено престанал работниот однос или работниот однос престанал со отказ од страна на работодавачот, за времетраење од два месеци, сметано од престанокот на работниот однос.
За остварување на правото на паричен надоместок, невработеното лице треба да достави Барање до надлежниот центар за вработување, во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на Уредбата, односно до 26 јуни 2020 година.
Со донесувањето на оваа Уредба, Владата на Република Северна Македонија уште еднаш покажа дека се грижи за сите граѓани полесно да го пребродат периодот на невработеност преку давање извесна материјална сигурност поради губењето на работното место.