Функционална анализа за модернизација на работата на АВРСМ


Со цел да се идентификуваат потребите за модернизација и унапредување на Агенцијата за вработување и да се обезбедат препораки кои ќе бидат јасен показател за делотворна институционална реорганизација и развивање на капацитетите, раководството на АВРСМ иницираше спроведување на функционална анализа на институцијата.

Во рамките на овој процес денеска се оддржа работилница насловена како „Главни трендови во имстотуционалниот развој на јавните служби за вработување во Европската Унија: Практики во селектирани јавни служби за вработување".

Директорката на АВРСМ Билјана Јовановска ја отвори работилницата и потенцираше дека резултатите од функционалната анализа ќе бидат клучна алка која ќе помогне во изработка на системско решение за унапредување на функционирањето на институцијата во интерес на граѓаните.

На работилницата беа претставени институционалните модели и тековните практики на селектирани јавни служби за вработување во ЕУ: Австрија, Бугарија, Естонија, Словенија и Шведска кои ќе бидат од голема корист и значаен пример за Агенцијата за вработување.

За спроведување на функционалната анализа ангажирана е консултантската куќа КПМГ Бугарија, а истата се спроведува во рамки на новиот УНДП проект за поддршка на вработувањето на ранливите групи кој е финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).