ОДЈАВУВАЊЕ И ПРИЈАВУВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС ПРИ ПРОМЕНА НА СЕДИШТЕТО НА РАБОТОДАВАЧОТ
Во случај на промена на седиштето на работодавачот се врши одјавување на сите вработени во соодветниот центар за вработување каде се наоѓало претходното седиште на работодавачот, при што се доставува решение и тековна состојба за извршената промена од Централен регистар на РМ (и М1/М2 доколку пријавувањето е извршено пред измените на Законот) и погоре наведените документи за одјавување од работен однос.
Пријавување на работниците се врши преку центарот за вработување каде се наоѓа новото седиште на работодавачот, со доставување на решение и тековна состојба за извршена промена на Централен регистар на РМ, како и целокупната потребна документација за пријавување во работен однос (не е потребно објавување на оглас).