Беким Мурати

Функција: Директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија

Е-mail: Bekim.Murati@av.gov.mk 

Беким Мурати, e роден  на 19 јуни 1980 година. Основно училиште завршил во родното место во с. Бојане, Скопје, a средното образование во Гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје. Своите студии по Комуникациски науки ги завршил на Универзитетот на Југоисточна Европа, и е магистранд по Политички науки.

Кариерата ја започнал во 2004 година, на Македонска Радио Телевизија - програма на албански јазик, каде што работел како новинар, а подоцна и како уредник.

Од 2006 до 2010 работел и за весникот Коха, а потоа и Коха е ре.

Во периодот од 2008-2010 тој исто така работел во ПР Агенции, каде правел анализа и истражување на јавното мислење за политички личности, институции и разни појави во општеството.

Во 2010 година тој ја напуштил МРТВ и започнал да работи како новинар во А1 Телевизија каде бил еден од ретките албански новинари што работел во медиум на македонски јазик.

Мурати политичката кариера ја започнал во 2011 година. Истата година бил избран за градоначалник на Демократската Унија за Интеграција во Општина Сарај, избори на кои победил во првиот круг.

Гледајќи ја неговата визија и потенцијал за управување со општината, ДУИ му овозможува на Мурати да се кандидира за целосен мандат на локалните избори во 2013 година, каде што повторно победил убедливо во првиот круг и е реизбран за градоначалник на Општина Сарај, функција што ја извршувал со посветеност и достоинство до крајот на неговиот мандат во 2017 година.

За време на својот мандат направил многу за Општината Сарај, почнувајќи од Општинската зграда, Плоштадот на знамето и споменикот на Иса Болетини и пред сè основање и отворање средно училиште во Сарај .

Во септември 2019 година, Владата на Република Северна Македонија Мурати го назначи за заменик директор на Агенцијата за вработување.

По повеќе од две години успешна работа, во декември 2021 година, Владата на Република Северна Македонија го именуваше Беким Мурати за в.д. директор на Агенцијата за вработување на Рeпублика Северна Македонија.

Беким Мурати, покрај албанскиот како мајчин јазик, зборува и македонски, англиски и француски јазик.

Тој е оженет и татко на три деца.