Скопје, 08.05.2020 година

  Агенција за вработување на Република Северна Македонија денес изврши исплата на средствата за паричен надоместок за 15075 лица кои се корисници на паричен надоместок согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок согласно Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. 

  Вкупниот износ на исплатените средства за месец април 2020 година изнесува 149.060.942,00 денари